Ослободете се од ОВОЈ проблем кој ја убива желбата за секс во средните години

од Stefanija Kuzmanovska

Истражувањата покажуваат дека интересот на жените за секс опаѓа во средната возраст повеќе отколку кај мажите. Недостатокот на желба понекогаш е придружен со пад на сексуалното задоволство, особено кога станува збор за врска која е придружена со незадоволство.

Сепак, жените понекогаш се чувствуваат како да им недостасува нешто дури и во некои случаи кога сексуалната интимност не мора да корелира со незадоволството од врската.

Самоперцепција

Причините за опаѓање на желбата кај средовечните жени се опширно проучувани, а податоците од истражувањето идентификувале широк опсег на биолошки, психолошки и социокултурни фактори. На пример, меѓу главните виновници се хормоналните промени поврзани со менопаузата, зголемувањето на телесната тежина, промените во расположението и нарушувањата на спиењето кои често влијаат на перципираната сексуална привлечност на жената, што е особено погубен тренд во културата која ја цени младоста и убавината на жените.

Дополнително, средната возраст има тенденција да им донесе на жените бран на одговорности кои наеднаш изгледаат како да се судираат. Грижата за децата и постарите родители, додека истовремено се води кариера, често е едноставно премногу.

Една нова студија објавена во Journal of Sex Research дава интересна трага. Авторите ги анализирале податоците од Британското национално истражување за сексуални ставови и начин на живот, во кое биле вклучени 2133 учесници.

Која е главната работа што доведува до пад на сексуалниот интерес?

Одговорот навистина не изненадува – исцрпеност. Во свет во кој жените се принудени да преземат прекумерен број на улоги – да се биде мајка, сопруга, ќерка и деловна жена, која покрај се мора да се погрижи куќата секогаш да биде чиста, ручекот подготвен, фрижидерот снабдена со храна, да се организира секој роденден, како и активности по градинка или училиште, а со сето тоа мора да биде во форма и негувана – не е невообичаено што се намалува желбата за секс.

Како да се реши овој проблем?

Всушност, многу едноставно. Жените не треба сето тоа да го прават сами. Охрабрете ги да „престанат“. Куќата не мора секогаш да биде совршено чиста и организирана, а децата на училишна возраст дефинитивно можат да преземат повеќе обврски. Прегрнете ја несовршеноста. Охрабрете ги партнерите да преземат поголема одговорност. Ова исто така важи и за садовите и алиштата и за сета емотивна работа што треба да се вложи во водење на домаќинството.

Дозволете му на партнерот да помогне во планирањето на активностите и да ги предвиди важните настани. Охрабрете ги жените да се посветат на себе. Ова значи да правите работи кои носат задоволство и позитивни емоции во животот.

Истражувањето на Барбара Фредриксон покажува дека позитивните емоции градат отпорност на егото, правејќи нè подобро да се справиме со предизвиците на секојдневниот живот. Жените не треба да мислат на задоволството како на „честење“. Тоа е витална состојка за менталното здравје. Охрабрете ги жените да ангажираат помош. Ако е можно, потпирајте се на поддршката од семејството и пријателите, а ако можете да си го дозволите тоа, ангажирајте помош.

Слични содржини