Османи: ДУИ води секаде каде што има кандидати – општините веќе се обоен во „зелено”

од Берта Китинска

Уште во првиот круг можам да најавам победа на ДУИ во Сарај, Липково и Пласници, а ДУИ е во предност во речиси сите општини каде учествува со свои кандидати. Така што можам да кажам дека целиот овој дел вечерва веќе е позеленет дел. Нека ни е честит овој ден и ова е политички празник за демократијата. Она што нема да го завршиме во првиот круг, се гледаме во вториот круг,соопшти  портпаролот на ДУИ, Бујар Османи.

„ДУИ е во предност во речиси сите општини каде што има свои кандидати. Некаде, еве првични информации што ги добивам од Чаир, но сѐ уште не ми се потврдени, се дека односот е 2:1 во корист на ДУИ, со можност таму победата да се прослави уште во првиот круг. Според тоа, можам да кажам дека целиот овој дел од Република Северна Македонија вечерва е веќе обоен во „зелено”. Тоа што нема да можеме да го завршиме во првиот круг, ќе гледаме да го потврдиме во вториот круг, а тоа е една сериозна и најголема победа на ДУИ во својата политичка историја“,изјави Османи.

Слични содржини