Османи-Ескобар: Благодарност до САД за силната поддршка за започнување преговори со ЕУ

од Nikola Popovski

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска имал средба со Габриел Ескобар, заменик помошник државен секретар и специјален претставник за Западен Балкан на САД, во рамки на министерскиот состанок за ЗБ, во Лондон.

Османи упатил благодарност за силната поддршка од САД за започнување пристапни преговори со Европската унија.

-Остануваме посветени на понатамошното зајакнување на стратешкото партнерство и заедничките заложби за слобода, безбедност и демократски просперитет во Регионот, објави Османи на својата Фејсбук страница.

Неодамна, Ескобар беше во дводневна посета на Македонија, каде покрај Османи, се сретна и со премиерот Зоран Заев и претстедателот Стево Пендаровски.

Слични содржини