Османи: Ќе ни се случи билатерализација на процесот ако сега не ги изгласаме уставните измени

од Stefanija Kuzmanovska

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи во дененшното телевизиско гостување рече дека доколку не се изгласаат уставните измени ризикуваме вистинска билатерализација на ЕУ процесот за интеграција. Тој вели дека во случај да нема уставни измени влегуваме во група на земји кои имаат нерешение проблеми и истите мора да ги решат уште пред да започнат воопшто да преговараат со ЕУ. Ова се однесува на Косово, Србија и Босна и Херцеговина.

„После уставните измени регионот ќе се дели во две групи на држави: држави кои ќе добијат порака за забрзано членство, во случајот кандидати се Албанија, Црна Гора и Северна Македонија и земји коишто имаат отворени прашања коишто морат да ги решат, а тоа се Босна и Херцеговина, Србија и Косово. Од нашата одлука е зависи дали ќе влеземе во групата која што треба да добие порака, а зошто треба да добие?! Бидејќи ќе треба на Украина да и се даде препорака, а не може да и се даде без да се зачува кредибилитетот овде и ќе се даде за Регионот препорака за забрзана интеграција. Кој ќе биде спремен, тој ќе почне во патот. Од нас ќе зависи дали ќе влеземе во група со Босна, Србија и Косово за да ги решиме прво сите билатерални прашања е тоа е билатерализација на процесот, за да откако ќе ги решиме прашањата со Бугарија ЕУ да каже ајде сега да почнеме“, вели Османи.

Слични содржини