Османи: С. Македонија е примена како членка на Унијата за Медитеранот

од Stefanija Kuzmanovska

Република Северна Македонија стана членка на Унијата за Медитеранот, информираше попладнево министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

„Уште еден надворешнополитички успех. Нашата земја е примена како членка на Унијата за Медитеранот, важен регионален форум за соработка меѓу Европската Унија и медитеранските земји. Секој ден поблиску до Европската Унија“, напиша Османи на Фејсбук.

Слични содржини