Откако Твитер го избрка Трамп, дезинформациите нагло се намалија

од Vladimir Zorba

Една недела откако Твитер му забрани на претседателот Доналд Трамп да објавува на платформата, дезинформациите на Интернет за изборни измами се намалија за неверојатни 73 проценти, се вели во извештајот на „Вашингтон пост“. Разговорите за изборна измама се намалија од 2,5 милиони на 688.000 споменувања на социјалните мрежи, објави „Пост“, повикувајќи се на податоци на маркетинг компанијата „Zignal Labs“.

Твитер го забрани Трамп на 8 јануари, два дена откако толпа негови приврзаници упаднаа во зградата на американскиот Капитол во немирите во кои загинаа неколку лица, вклучително и полицаец од Капитол. Голем број луѓе рекоа дека лажните обвинувања за изборна измама од Трамп и други довеле до насилство во Капитол, а критичарите на социјалните мрежи велат дека платформите ги зголемуваат ваквите обвинувања со тоа што не успеваат ефикасно да ги решат дезинформациите на нивните веб-страници.

Податоците на „Zignal Labs“ го опфаќаат периодот од 9 до 15 јануари, пишува „Пост“. Експертите исто така открија дека за тоа време, хаштагови и пароли поврзани со нападот во Капитол се појавуваат многу поретко на Фејсбук, Инстаграм, Твитер и други социјални платформи. Објавите со #FightforTrump паднаа 95%, а #HoldTheLine и „Маршот за Трамп” паднаа повеќе од 95%, според „Пост“.

Изданието цитира и студија на истражувачи за дезинформации од Election Integrity Partnership, според која мал број конзервативни сметки на Твитер, кои го поддржуваат Трамп, имаат големо влијание на страницата. Само 20 вакви сметки се извор на една петтина од акциите што вклучуваат дезинформации за гласање, се вели во студијата.

Твитер не е единствената компанија што го „скрати“ зборот на Трамп. Фејсбук ги забрани објавите на Трамп на 7 јануари, а Снепчет го замолкна Трамп на 13 јануари. Голем број на социјални мрежи исто така бришеа содржини, што поттикнуваат на насилство. Јутјуб, на пример, го забрани подкаст каналот на Стив Банон War Room на осми, а истиот ден Редит го забрани subreddit форумот r / Donaldtrump

loading...

Слични содржини