Откриена платата на принцот Вилијам – сумата може да ги налути Британците

од Stefanija Kuzmanovska

Доколку денеска престанаа да работат, Кејт Мидлтон и принцот Вилијам веќе имаат доволно пари за луксузен живот и на нивните внуци. Војводството оствари рекорден профит од 24,048 милиони фунти во 2022-2023 година, што претставува зголемување од 1,02 милиони фунти наспроти 23,024 милиони фунти претходната година.

И додека многумина во Британија мораат да бараат помош од државата и да ги намалат своите потреби на минимум поради зголемените трошоци за живот, толку високата плата на принцот Вилијам може да ги налути масите кои не се согласуваат со принципите на монархијата.

Така, принцот од Велс добил приватен приход од Војводството Корнвол од речиси 6 милиони фунти оваа година, откриваат кралските сметки, а сумата можела да биде уште поголема. Вообичаено, принцот ќе има право на целосниот профит на Војводството од 24 милиони фунти како негов приватен приход, но тој стана престолонаследник на половина пат од финансиската година.

Следната година се очекува принцот да ја добие целосната заработка на Војводството од 24 милиони фунти, а овој приход треба да ги покрие трошоците за јавниот и приватниот живот на Вилијам.

Сепак, свесен за времето во кое се наоѓа, Вилијам решил да започне програма која се занимава со бездомниците. Неговата цел е засекогаш да стави крај на бездомништвото.

„Ако можеме да помогнеме и во справувањето со социјалните предизвици како што се менталното здравје и бездомништвото, ќе почувствувам дека мојот мандат како војвода вредеше“, рече Вилијам.

Слични содржини