На генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг му е дијагностициран вирусот херпес зостер, па тој преку видеоврска ќе ги одржи закажаните состаноци во Германија и Романија, изјави денеска претставник на Алијансата.

„Генералниот секретар ќе одржува состаноци поврзани со планираната посета на Германија и Романија од далечина, а не лично. Дијагностициран му е херпес зостер, кој може да се појави по Ковид-19, и работи од дома“, изјави службеникот за „Ројтерс“.

Столтенберг денеска во Берлин требаше да се сретне со германскиот канцелар Олаф Шолц и да присуствува на состанокот со лидерите на Романија, Полска и Унгарија во петок во Букурешт, пренесе „Ројтерс“.

Слични содржини