Отстранет е дефектот на системот на граничните премини, се пропуштаат возила за влез и излез

од Vladimir Zorba

Отстранет е дефектот на системот на сите гранични премини, истиот е оспособен за функција и се пропуштаат возила за влез и излез од земјава, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Од утринава неколку часа беше во прекин протокот на возила на граничните премини поради пад на системот. Поради тоа, на бугарските државјани кои денеска тргнаа кон Скопје да се поклонат на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев, им беше оневозможен влез во Македонија.

Ова предизвика тензии и расправии на граничниот премин „Деве Баир“ каде бугарски државјани, на неможноста да ја преминат границата, одговараа со навреди и недолично однесување кон македонската гранична полиција.

Слични содржини