Ова е убиениот полицаец во Вашингтон: Тој беше поддржувач на Трамп, а беше убиен на свиреп начин

од Берта Китинска

Американски полицаец од Полицијата во Капитол во Вашингтон и воен ветеран кој го поддржуваше Трамп, Брајан Сикник (42) почина од повредите здобиени за време на протест во зградата на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Имено, причина за протестот беше незадоволството на следбениците на Трамп од моменталната состојба во САД во врска со новоизбраниот претседател.

Судирот меѓу полицијата и бунтовниците што ја потресе Америка се случи во зградата на Конгресот на Капитол, односно собиралиштето на американскиот Конгрес.

Според изјавата на полицијата во Капитол, Сикник бил повреден додека „физички се пресметувал“ со демонстрантите. Тој бил погоден во главата со боца за гаснење пожар, а им подлегнал на раните во болницата.

Причината за неговата смрт, сепак, не е целосно разјаснета. Бројни шпекулации се вртат околу ова прашање, а официјалните соопштенија се полни со несогласувања. Според извештаите на ФБИ, страдањата на Сикник се рангираат како можно федерално убиство, односно ликвидација.

Фактите за бунтовничкото минато на Сикник придонесуваат за тоа: овој полицаец е ветеран на американската армија веќе 15 години и бил како ветерна на Блискиот исток во неколку наврати, за време на Садам Хусеин. Забележано е неговото незадоволство од американскиот систем во врска со исплатата на ветерани кои биле повикани на повторна услуга, како и проблемите на администрацијата на Буш.

Сикник отворено го изрази своето незадоволство од американската влада, и честопати објавуваше патриотски испади и изјави на неговите социјални мрежи, кои доминираа токму поради неговиот висок статус.

Слични содржини