ОВА МОМЕНТНО Е НАЈГЛЕДАНАТА СЕРИЈА НА СВЕТОТ: Нејзините автори ја предвиделе пандемијата на корона (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Кога на северот на Кина ќе биде откриена болеста од типот на птичји грип, која потекнува од гулаби, луѓето што живеат на идиличен остров во Северното Море воопшто не размислуваат за тоа, пишува Гардијан.

Но, еден ден, морето исфрла на островот едрилица на на која се наоѓале мумифицираните тела на британска двојка. Подоцна се покажало дека тие го донеле вирусот со себе.

Звучи како заговор инспириран од Ковид-19, но, всушност, Sløborn, ТВ серија во германско-данска копродукција беше снимена минатата година додека Европа и остатокот од светот сè уште не беа погодени од пандемија, а се емитуваше во Германија минатата недела.

Серијата, чиј наслов во превод значи „бавно горење“, но исто така е и името на островот, зборува за тоа како животот на измислениот остров со исто име паѓа во хаос и уништување кога ќе завладее вирус.
На островјаните им се советува да носат маски за лице и да вежбаат социјално дистанцирање. Воведени се правила за карантин, а теориите на заговор изобилуваат со избувнувањето на епидемијата.

Креаторите на серијата ја опишаа како „пост-апокалиптичен катастрофален трилер трансформиран во модерен еп“, кој истражува – што се случува со модерните луѓе кога се распаѓа тенок лак на нашата цивилизација. Емитувањето беше скоро откажано откако газдите на ТВ компанијата ЗДФ изразија загриженост дека гледачите можеби сметаат дека е премногу реален.

– Прашањето беше дали можеме да побараме од нашата публика да ја гледа серијата токму сега, им рече на писателот и режисер Кристијан Алварт на новинарите пред емитувањето.

Алварт, кој се консултираше со вирусолози и персонал за брза помош, за да открие како Германија се подготвува за смртоносна пандемија, рече дека бил инспириран од мислата дека катастрофи – претежно се случуваат на друго место – и се прашува како би било ако се случи вакво нешто поблиску до дома.

– Бев зачуден како постојано слушаме за катастрофи во светот во медиумите, но обично нашиот живот се уште се одвива нормално, рече тој.
Кога Германија заврши во „карантин“, серијата беше во постпродукција.

„Се наежив од мислата на она што го снимавме минатата година“, рече Алварт.

Германските телевизиски критичари нежно ја исмеваа серијата што беше снимена на крајот на 2019 година на германскиот источен фризиски остров Норденеј и полското крајбрежно одморалиште Сопот.

„Не многу суптилно“, беше пресудата на Шпигел што се однесуваше на прикажување на еден од симптомите на болеста: крварење од очите. Süddeutsche Zeitung пишува дека серијата „би можела да се доживее како филм на хорор и катастрофа, доколку во последните неколку месеци немаше постојано потсетување на вистинските вести“. Die Zeit ја опишува серијата како „претпазлива серија за коронавирусот, измислена позадина на нашата реалност во последните месеци“.

Слични содржини