„Ова не е Камила, туку Путин или вонземјанин“: Дали кралицата носи маска? (ФОТО)

од Nikola Popovski

На социјалните мрежи кружи фотографија од кралицата Камила направена на вчерашниот погреб на кралицата Елизабета Втора, која покажува дека нешто не е во ред со нејзиниот врат. Се разбира, поддржувачите на теориите на заговор веднаш почнаа да шпекулираат за причините за појавата на оваа неприродна линија на вратот на Камила.

Најраспространетата теорија е дека ова е всушност маска со ликот на кралицата Камила, а под неа всушност има некој друг.

Затоа во коментарите под објавата, која е споделена повеќе од 4.000 пати, започна полемика за тоа кој би можел да биде под маската.

Претежно сите се двоумат помеѓу две опции – рускиот лидер Владимир Путин или вонземјани.

Од друга страна, има и такви кои тврдат дека тоа воопшто не е маска, туку лузна од операција.

„Тоа е лузна од операција на тироидната жлезда, имам и јас. Дали тоа значи дека и јас имам маска“, праша еден корисник на Твитер.

Засега никој од кралското семејство не објави ништо по овој повод.

Да потсетиме, кралицата Елизабета Втора беше погребана вчера во капелата Свети Џорџ во замокот Виндзор.

 

 

 

 

Слични содржини