Овие хороскопски знаци немаат среќа во љубовта!

од Stefanija Kuzmanovska

Ако сте од оние луѓе кои тешко наоѓаат партнер и немаат многу врски зад себе, можно е тоа да е поврзано со вашиот хороскопски знак. Овие три хороскопски знаци немаат среќа во љубовта.

Близнаци

Секој што знае барем еден Близнак знае дека овој знак не успева во долгите врски. Се разбира, тоа не значи дека тие не копнеат за блискост, но едноставно им е полесно да управуваат со лежерни и не толку комплицирани врски. Близнаците често играат на сигурно и започнуваат врски само кога се сигурни дека таа ќе успее.

Водолија

Еден од најнезависните знаци е среќен само кога е по негово. Тие се грижливи и чувствителни, но им треба простор и мир за да можат да ги создадат своите идеи. Тие често бараат луѓе кои ги разбираат и ги делат нивните ставови, а искуството покажува дека токму затоа не им е лесно да најдат партнер.

Девица

Премногу е пребирлива и критична кон себе, но и кон другите. Девиците имаат совршена слика за врската кога ќе запознаат партнер, но животот како пар никогаш не поминува без предизвици. Меѓутоа, ако нешто не е совршено, тоа не е доволно добро за Девицата. Затоа, тие повеќе сакаат да чекаат за совршен партнер, без разлика колку време е потребно.

Слични содржини