Овие хороскопски знаци постојано се враќаат на поранешните партнери

од Stefanija Kuzmanovska

Да се испрати или да не испрати порака? Овие хороскопски знаци велат – ДА!

Разделбите се претежно болни и тешки за повеќето луѓе. Особено тешко е на почетокот кога сè е сé уште „свежо“, тогаш мислите константно лутаат каде што не треба.

Главното искушение лежи во желбата повторно да се контактира со лицето. Можеби само една порака, повик? Што може да биде лошо?

Тоа најдобро го знаат овие три хороскопски знаци кои најчесто не можат да одолеат да не се јават на поранешните.

ОВЕН

Кога Овенот ќе добие идеја нешто да направи, вклучувајќи испраќање на СМС на поранешната љубов, нема запирање. Тоа е знак кој си верува самиот на себе, и ако одлучи дека нешто е добра одлука, нема враќање – ќе го стори она што ќе го науми.

Затоа, особено им е тешко кога некој ќе прекине со нив, а тие не стасале да имаат свој збор во сето тоа.

БЛИЗНАЦИ

Близнаците, од друга страна, честопати знаат да донесат одлука за која подоцна се жалат. Тоа е знак дека немаат комуникациски проблеми и не се плашат да ги изразат своите чувства. По раскинувањето, тие ќе се потрудат да се уверат дека претходната љубов точно знае како се и за што размислуваат, особено ако сакаат да се смират со него/неа. Но, тие брзо сфаќаат дека сепак нема да има ништо од помирувањето, бидејќи не вреди да се враќаме на она што првично пропаднало.

РАК

За длабоко емоционален знак како Рак, времето после раскинувањето може да биде особено брутално. Ова ниво на ранливост значи длабоки емоционални рани. Токму затоа Ракот навистина тешко продолжува понатаму и речиси секогаш повторно ги бара поранешните.

Слични содржини