Оздравени 127 пациенти во последниве 24 часа

од Vladimir Zorba

Во последните 24 часа се регистрирани 127 оздравени пациенти, соопшти попладнево Министерството за здравство.

Од оздравените лица што ги регистрира денеска Институтот за јавно здравје од Скопје се 40, Куманово-17, Штип-22, Прилеп-6, Велес-2, Битола-2, Гостивар-5, Радовиш-10, Крушево-1, Пробиштип-5, Демир Хисар-1, Македонски Брод-3, Кратово-1, Свети Николе-12.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 3 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 80 пациенти. На кислородна поддршка се 42 пациенти, нема на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 17 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19 и 6 деца позитивни на вирусот, како и 3 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ се примени 9 нови, вкупно се хоспитализирани 76 пациенти, а тријца се на респираторна машина.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 28, а во болницата во Штип се хоспитализирани 43 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 115 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Слични содржини