Пад на нивото на водата во Средоземното Море, постои ли поврзаност со земјотресите?

од Stefanija Kuzmanovska

Националниот истражувачки институт за астрономија и геофизика (NRIAG) во Египет ги демантираше информациите дека водите од Средоземното Море почнале да се повлекуваат од Синајскиот Полуостров поради неодамнешните земјотреси и цунамиа.

Шефот на NRIAG, Гад ал-Кади, рече дека институтот има станици за следење на нивото на морето, а сите извештаи кои кружат на Интернет за повлекувањето на водите на Синај се многу преувеличени.

Тој во неделата објасни за локалната телевизија дека нивото на водата во Синај е намалено поради природната плима и увери дека Египет е целосно безбеден од зоната на земјотресот.

„Земјотресите се случуваат секој ден“, рече тој, „Но интеракцијата со нив сега стана поинаква и медиумите го зголемија интересот за нив по разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија“.

Извештаите покажуваат дека бреговите на северниот дел на Синај во Египет за првпат доживеале пад на нивото на водата во Средоземното Море.

Некои жители тврдеа дека водата на плажите се повлекла за 10 до 15 метри, не наведувајќи ги причините за повлекувањето, што предизвикува стравувања дека тоа е поврзано со неодамнешните земјотреси.

Слични содржини