Падна социјалната мрежа: Илјадници корисници ширум светот без пристап до Твитер

од Stefanija Kuzmanovska

Социјалната мрежа Твитер падна денеска и беше недостапна за илјадници корисници ширум светот, што е прв ваков прекин од февруари, според информациите на порталот за следење на прекини Downdetector.com.

Повеќе од 27.000 луѓе пријавиле проблеми со Твитер во САД, според веб-страницата.

Корисниците во други земји, вклучително и Обединетото Кралство, Мексико, Бразил и Италија, исто така пријавија дека Твитер не работи.

Не е јасно што го предизвикало овој пад на оваа социјална мрежа.

Твитер претрпе прекин во февруари што ја прекина услугата за неколку илјади негови корисници.

Подоцна беше објавено дека тие го поправиле софтверскиот дефект на нивната веб-страница.

Прекинот доаѓа неколку дена откако Twitter го тужеше извршниот директор на Tesla Inc, Елон Маск, за прекршување на договорот за купување на компанијата вреден 44 милијарди долари.

Слични содржини