Паѓала во кома и се будела по потреба? Јулија Скрипал се пуштала на “Вконтакте” додека била во критична состојба

од desk2

33-годишната Јулија Скрипал, ќерка на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал, која наводно е во кома од 4. март, кога таа и нејзиниот татко биле отруени со нервен агенс во Солсбери, се пуштала на својот профил на најпопуларната руска социјална мрежа “Вконтакте” додека била во кома.

Јулија влегла на својот профил на “Вконтакте” три дена по труењето, на 7. март во 8:35 часот, додека, како што тврдат британските власти, била во кома.

Таа наводно при свест дошла на 29. март, а руските власти веднаш побарале да им се дозволи пристап и разговор со неа, што Британија според законот е должна да овозможи бидејќи Јулија е руска државјанка.

Фактот дека таа се логирала на “Вконтакте” додека била во кома има две објаснувања: или не била во кома, или некој друг, односно припадници на разни англиски разузнавачки служби, се логирале на нејзиниот профил и ги истражувале нејзините податоци.

Потсетуваме, на денот на труењето Јулија и Сергеј на четири часа го исклучиле GPS-от на своите смартфони, што значи дека не сакале да се знае каде се наоѓаат.

Велика Британија за труењето на Сергеј и Јулија Скрипал без никакви докази ја обвинила Русија и отворила дипломатска војна од светски размери, која довела до тоа Западните држави и нивните сојузници, предводени од Британија и САД, да протераат голем број на руски дипломати. Русија на тоа одговорила реципрочно.

Слични содржини