Пајак отстранил 303 возила од јавните површини

од Vladimir Zorba

Во текот на изминатата недела со специјалните возила пајак се отстранети вкупно 303 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 41 се отстранети од зонските паркиралишта, а другите 262 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице, соопштија од Град Скопје.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 360 возилa, поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга.

Од нив, 41 возилo се отстранети со пајак службата, поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Слични содржини