Папата бакна тетовиран број на преживеана од Аушвиц

од Vladimir Zorba

Папата Франциск бакна број истетовиран на раката на жена која преживеа медицински експерименти во нацистичкиот логор Аушвиц, кога се запозна со неа.

Папата внимателно слушаше како полски свештеник кој ја придружуваше Лидија Максимович (80) ја раскажа нејзината приказна, пренесе Хина.

Потоа го засука левиот ракав за да му го покаже бројот 70072. Тој го бакна и таа го прегрна.

Максимович и нејзиното семејство беа однесени од нивниот дом во Белорусија во нацистичкиот логор на смртта во Полска во декември 1943 година, непосредно пред нејзиниот трет роденден.

Девојчето беше сместено во касарна за деца, каде што беше подложена на медицински експерименти од страна на доктор Менгеле, според документарецот снимен за нејзиниот живот.

По ослободувањето на логорот во 1945 година, руските војници претпоставија дека мајката на Лидија, Ана, истетовирана со бројот 70071, е мртва. Таа била посвоена и израсната во полско католичко семејство.

Слични содржини