Папата во Конго: Мора да простиме и да примиме прошка

од Stefanija Kuzmanovska

Папата Франциск денеска ги повика младите во Демократска Република Конго да изградат, како што рече, нова иднина без етничките ривалства, корупцијата и недовербата што поттикнаа толку многу крвави конфликти во Африка.

Според „Ројтерс“, папата им се обратил на повеќе од 65.000 луѓе на стадионот „Маченици“ и зборувал за простувањето и помирувањето, теми што ги истакнал како најважни за време на неговата посета на оваа земја, каде во вооружените конфликти загинале и биле раселени милиони луѓе во изминатите децении.

„Пазете се од искушението да покажете со прст кон некого, да не исклучувате друга личност затоа што тие се различни, пазете се од племенското однесување или што било што прави да се чувствувате безбедно во вашата група“, рече папата.

Слични содржини