Папата во порака за Божиќ: Братството ни е најпотребно

од Vladimir Zorba

Во традиционалната порака за Божиќ, папата Франциск апелираше за братство на сите континенти за време на пандемијата.

„Во овој историски момент, обележан со еколошка криза и сериозни економски и социјални нееднаквости кои ги влошува пандемијата на коронавирус, ни треба братство повеќе од кога било“, рече папата денес.

Римокатоличкиот лидер апелираше за братство кое го надминува семејството, етничката припадност, религијата, јазикот или културата.

Апелот за солидарност се однесува „особено на најкревките, најболните и сите оние кои останале без работа во овој период или имаат сериозни тешкотии поради економските последици од пандемијата, како и на жените кои претрпеле семејно насилство во текот на месеците „локдаун“.

„Моите мисли сега се со нивните семејства: оние кои не можат да се соберат денес, како и оние кои мораат да останат дома“, рече папата.

Според Грегоријанскиот календар, Папата на Божиќ им испраќа на верниците „Порака до градот и светот“ (Urbi et Orbi).

Оваа година Божиќ се слави без да се собираат илјадници верници во базиликата Свети Петар во Рим.

Слични содржини