Парада за миленичиња за прв пат во Скопје

од Vladimir Zorba

Утре со почеток во 13 часот па се до 22 часот и 30 минути ќе се одржи „Парада за миленичиња во Скопје“. Организаторите информираат дека рурата на парадата за миленичиња ќе започне од Собранието на РСМ каде што е збирното место во 12 часот и 30 минути, а од таму присутните на парадата ќе се движат по булеварите, Димитрије Чуповски, Климент Охридски, Илинденска и ќе крајна дестинација Градскиот парк на Школка.
„Ние не знаеме како да го спасиме светот. Ние ги немаме одговорите или Одговорот. Немаме скриено знаење за тоа како да ги поправиме грешките на претходните и идните генерации. Само знаеме дека без емпатија и почит кон сите живи суштества на планетава, никој од нас нема да преживее, ниту пак ќе заслужува“, велат во писмено сооштение организаторите.
Тие ги повикуваат сите кои поддржуваат живот, љубов и емпатија кон животните да бидат дел од оваа парада и велат “сите заедно во недела да заборавиме на суровиот свет и да создадеме наш нов и прекраден свет полн убавини, ги сакаме животинките, ја сакаме природата, а сите ние сме дел од неа“.

Слични содржини