Парис Хилтон прошета со маска направена од чисти дијаманти

од Stefanija Kuzmanovska

Богата наследничка Парис Хилтон (39) ги изненади сите со маска украсена со дијаманти, што е повеќе моден додаток отколку заштита против коронавирусот,  пренесува „Телеграф“.

Парис уживаше во вечерата со своето момче Картер Реум и пријателите, а со оглед на тоа што поради пандемијата и зголемувањето на бројот на заболени од Ковид 19 во светот, носењето маска е задолжително, таа, во свој стил, се погрижи нејзината маска да биде скапоцена и забележана од сите.

Богатата наследничка носеше бел, чипкан фустан, чевли со високи потпетици, а елегантниот стил го надополнуваше маска од дијаманти, поради која беше исмеана од многу луѓе.

Иако е задолжително да носите заштитна опрема низ целиот свет, Парис се појави во јавноста пред неколку дена без маска.

Слични содржини