Пендаровски: Ако ветото од Бугарија продолжи, немаме право да го блокираме патот на Албанија кон ЕУ

од Берта Китинска

Шефот на државата Стево Пендаровски смета дека Северна Македонија нема морално право да бара Албанија да не се одвојува во процесот на проширување на ЕУ, доколку продолжи бугарската блокада.

„Доколку блокадата од Бугарија, не дај боже, продолжи со години ние немаме морално право да и го блокираме патот на Албанија кон ЕУ. Северна Македонија веќе со години го заслужува тоа, но ние нема да се противиме на одвојувањето на Албанија“, рече Пендаровски.

Слични содржини