Пендаровски: Да се грижиме за нашата република, за да продолжи да биде татковина на оваа и на сите наредни генерации

од Stefanija Kuzmanovska

Драги сограѓани, не треба да стравуваме. Ако македонскиот народ не подлегнал на обидите за асимилација, денационализација и историски ревизионизам во периодите кога бил обесправен и немал своја држава, денес, при своја држава, при своја република, шансите за такво нешто се непостоечки, истакна во своето обраќање претседателот на РСМ, Стево Пендаровски.

„А наша должност е да се грижиме за нашата република, некогашна, сегашна и идна, за да продолжи да биде татковина на оваа и на сите наредни генерации. Нека е за многу години Илинден! Да живее Република Северна Македонија!“, изјави Пендаровски.

Слични содржини