Пендаровски: И да отидев во Кремљ и да се изгушкав со Путин, пак ќе имавме високи цени на енергенси

од Nikola Popovski

И да одевме со неутрална позиција како Србија денес-политички осудуваме, но немаме никакви санкции кон Русија или како некои држави кои воопшто немаат ни политичка осуд. И во Србија има високи цени на енергенти бидејќи глобалните пазари тоа го диктираат, бидејќи се разнишани со тоа што се случува во Украина, одговори претседателот Стево Пендаровски коментирајќи ја светската криза и порастот на цените на енергенсите.

Во поглед на нашата земја, Пендаровски вели дека истото ќе се случеше и доколку имавме пријателски односи со Руската федерација.

-Јас уште првиот ден од почетокот на руската агресија во Украина, да отидев во Кремљ и да се изгушкав со Путин, пак ќе ги имавме овие цени на енергенси. Високите цени на енергијата, се индуцирани од глобалната криза, предизвикана од руската инвазија. Вториот дел од проблемот е нашата комплетна отсеченост, произведуваме се помалку, не сме вложиле во капитални инвестиции. Тоа не смее никој да го крие и треба да си преземеме одговорност, истакна претседателот во „Топ тема“.

Слични содржини