Пендаровски: Мандатот не се дава на СДСМ како партија, конкретно мора да има човек

од Nikola Popovski

Не можам да го дадам мандатот на СДСМ како партија. Мора да име име. На кого да го дадам така, на економот таму на „Бихаќка“? Јас морам да знам кому го давам, конкретно на кој човек, вели претседателот Стево Пендаровски за тоа на кој ќе му го даде мандатот откако Владата е во оставка, по заминувањето на Зоран Заев.

Шефот на државата додаде дека „дава парче хартија и мора да го знае лицето на тој човек“.

-Тоа ќе се случува во текот на следната недела. Имам информации дека во понеделник навечер ќе има интерни партиски процедури, каде ќе бидат дефинирани некои одлуки. Вторник или среда би требало да биде предавањето на мандатот. Потоа мандатарот ќе има 20 дена за да формира влада, до кај средината на јануари, информира Пендаровски.

Слични содржини