Пендаровски му изрази сочувство на хрватскиот претседател

од Nikola Popovski

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

Во разговорот, претседателот Пендаровски изрази сочувство на семејствата коишто ги изгубија своите блиски во серијата земјотреси коишто ја погодија Хрватска.  

Претседателот Пендаровски изрази и уверување дека Хрватска и сите нејзини граѓани ќе ги санираат брзо последиците од оваа природна катастрофа.

Слични содржини