Пендаровски од Давос: Сакаме војната во Украина да заврши уште денеска

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателот Стево Пендаровски на денешната панел сесија „Во одбрана на Европа“, што се одржува во рамките на Светскиот економски форум во Давос, рече дека не е загрижен дали годинава ќе има трансатлантско и паневропско единство и солидарност, но до кога ќе се задржи и кога ќе заврши војната во Украина, а тоа е клучно за демократијата да надвладее над автократијата.

„Сакаме војната да заврши уште денеска, но логиката на државите и на националните интереси, како што е веќе со векови, е првенствено да се грижите за сопствениот двор. Ако повторно им дадеме приоритет на националните интереси на државите, тоа значи дека ова единство и солидарност ќе исчезнат“, посочи Пендаровски.

Слични содржини