Пенс доби покана од обвинителите да сведочи во истрагата за Трамп

од Stefanija Kuzmanovska

Поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс добил покана од специјалниот советник на Министерството за правда Џек Смит во врска со истрагата за поранешниот претседател Доналд Трамп и неговата улога во немирите во Капитол на 6 јануари, изјави неименуван извор за Си-Ен-Ен.

Канцеларијата на Смит бара документи и сведочења за 6 јануари 2021 година, кога приврзаниците на Трамп упаднаа во Конгресот, тврдејќи дека претседателските избори биле украдени, а притоа пет лица ги загубија животите.

Од Пенс се бара да сведочи за неговиот однос со Трамп пред изборите во ноември 2020 година и на денот на немирите во Капитол.

Слични содржини