Пеп заврши работа за лето – 200 милиони за двајца играчи!

од Vladimir Zorba

Пеп Гвардиола овојпат нема да дозволи изненадување. Некогаш Алексис Санчез, а потоа и Кристијано Роналдо минатото лето, по пресврт во последен момент, завршија во Јунајтед наместо во Сити. Не дека „Граѓаните“ изгубија многу, но сепак, тоа никој не можеше да го знае.

Сега практично е договорено доаѓањето на Ерлинг Халанд, кој претходно му се заблагодари на Јунајтед за понудата бидејќи не гледа надеж за нивниот проект, но тоа не е се.

Имено, како бомба одекна веста дека Манчестер Сити ќе понуди 120 милиони евра за Деклан Рајс од Вест Хем. Тоа е за 50 милиони повеќе од понудите на Јунајтед и Челси кои беа одбиени, а се мисли дека Вест Хем нема да може да одолее на овие пари.

Јасна е и пресметката на Сити, останува единственото слободно место во тимот откако капитенот Фернандињо се простува од летото. Трансферот делумно би можел да биде финансиран со заминувањето на Стерлинг, доколку Англичанецот не потпише нов договор, но не зависи толку од него. Дури и да остане Рахим, Сити има 200 милиони за инвестирање во двајца играчи, Халанд и Рајс.

Остатокот не му треба на Пеп, тие се практично единствените двајца играчи кои ќе дојдат во клубот, а што се однесува до заминувањата, освен Стерлинг, клубот би можел да го напушти и Габриел Жесус, доколку пристигне понудата на Арсенал, додека останатите не се на продажба.

Слични содржини