Песков ја обвини Британија дека директно ѝ помага на Украина

од Nikola Popovski

Велика Британија обезбедува помош за Украина и практично е вклучена во конфликтот, изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков за руската „RTVI“.

„Генерално, за никого не е тајна дека Британците навистина обезбедуваат различни форми на поддршка за Украина. И на луѓето на теренот, и на разузнавачите итн. Односно, тие се практично директно вклучени во овој конфликт“, реол претставникот на Кремљ.

Изјавите на Песков се однесуваат на напис во Тајмс во кој се тврди дека британскиот министер за одбрана, Грант Шепс наводно тајно ѝ помогнал на Украина да развие борбени планови, наведува ТАСС.

Портпаролот додаде дека не е запознаен со деталите, ниту дали се вмешани други официјални лица, но посочи дека руската војска веројатно има повеќе информации.

Слични содржини