Песков: НАТО од противник до непријател

од Stefanija Kuzmanovska

Земјите на НАТО, кои станаа учесници во конфликтот во Украина, дејствуваат како единствен блок, веќе не се условени противници на Русија, туку нејзини непријатели, изјави портпаролот на Кремљ, Димитриј Песков.

Тој во интервју за весникот „Известија“ ја коментираше одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да го прекине учеството на Русија во Договорот СТАРТ 3.

Како што наведе тој, кога се појавил документот, во него не бил вклучен нуклеарниот потенцијал на Франција и Велика Британија, кои биле неспоредливи со арсеналот на Русија и САД.

Но, сега кога НАТО практично стана учесник во конфликтот во Украина, ситуацијата се промени, објасни Песков, пренесе „Спутник“.

„НАТО сега се појавува како обединет блок, веќе не на наши условни противници, туку на непријатели. Нивната разузнавачка служба работи против нас 24 часа, нивното оружје, како што неодамна истакна Путин, бесплатно се доставува до Украина и со него се пука во нашите војници, да не зборувам дека се пука и врз граѓаните на Украина, се носат одлуки и се преземаат обврски во НАТО во врска со нови испораки, нови серии на се помодерно оружје“, рече Песков.

Слични содржини