Пет намирници кои го одржуваат мозокот здрав

од Stefanija Kuzmanovska

Колку добра меморија ќе имаме и колку долго ќе можеме да го зачуваме она што популарно се нарекува „здрав разум“, како што тврдат нутриционистите, зависи од храната со која го „храниме“ мозокот.

Експертите за храна велат дека постојат пет намирници кои се особено важни во исхраната за одржување на здравјето на мозокот, но и за зајакнување на когнитивните способности.

Темно чоколадо

Покрај тоа што ја помага концентрацијата, тоа е богато со антиоксиданси и супстанции кои помагаат да се намали ризикот од срцев удар.

Темното чоколадо ја намалува депресијата и стресот и ја подобрува меморијата.

Кафе

Забележана е интересна врска помеѓу тоа како и колку кафе се пие и ризикот од благо когнитивно оштетување, како што се нарушена меморија и брзина на размислување, кои често ѝ претходат на деменција.

Кафето е одличен пијалок доколку сакате да имате долгорочна меморија и да се заштитите од деменција. Кофеинот има безброј здравствени придобивки, а особено добро влијае на нашите когнитивни способности.

Ореви

Оревите одамна се добро позната храна која ја подобрува меморијата. Ако сакате да ги подобрите вашите когнитивни способности и здравје, јадете јаткасти плодови.

Нивниот изглед на јадрото наликува на церебралниот кортекс, а научно е докажано дека тие се вистински благодет за овој орган.

Боровинки

Боровинките пред се се одлични за подигање на имунитетот, но и за подобрување на крвната слика и општата состојба на организмот. Покрај тоа, ова прекрасно овошје е одлично за подобрување на меморијата. Боровинките не содржат глутен и ја зголемуваат сигнализацијата во мозокот.

Семки од тиква

Оваа храна е богата со протеини и влакна. Со конзумирање на семки од тиква ќе ги зајакнете мемориските вештини, но и ќе ја забрзате способноста за размислување. Семките од тиква се „суперхрана“. Покрај тоа, тие се одличен лек за стрес.

Слични содржини