Петков: Скопје сега има избор за својата иднина

од Берта Китинска

Бугарскиот премиерот во оставка Кирил Петков во интервју за Бугарското национално радио (БНР) изјави дека откако Бугарија го одобри предлогот сега останува на властите на земјава да решат за својата иднина.

– Скопје сега има избор за својата иднина, Бугарија не може да носи одговорност за сите, изјави Петков, додавајќи дека со прифаќањето на „францускиот предлог”, Софија успеала да ги заштити своите национални интереси.

Тој нагласи дека ако земјава се согласи со предлогот на Париз, ќе треба да ги вклучи Бугарите во Уставот пред да го почне преговарачкиот процес со ЕУ. – Имаме јасни контролни механизми за говорот на омраза и дискриминацијата. Имаме многу јасни дефиниции за историските факти и образованието во училиштата во Северна Македонија, тврди Петков.

Слични содржини