Петковиќ: Да го задржиме Нејмар во текот на цеиот меч е многу тешко

од Vladimir Zorba

Тренерот на Швајцарија, Владимир Петковиќ рече дека задачата за чување на бразилската ѕвезда Нејмар е исклучително тешка. Двете екипи играат во првиот круг во групата „Е“ утре во Самара.

„Се разбира, Нејмар е посебен фудбалер. Да го зачуваме во текот на целиот натпревар е многу тешко. Тој и Кристијано Роналдо се најсилните играчи во светот. Треба да дејствуваме многу внимателно и крајно концентрирано против индивидуалци како него“, прокоментира Петковиќ.

„Нашата цел е пласман во елиминациската фаза. Што се однесува до стилот на игра, ќе се обидеме да создадеме организиран хаос и да го поттикнуваме противникот, ако можам така да се изразам. Секако нема да го откријам тактичкиот план против Бразил. Знаеме како да напаѓаме, но нема да напаѓаме цела игра“, додаде тој.

Слични содржини