Петровска: Денешните протести на ВМРО-ДПМНЕ не се ниту за правда, ниту за правичност

од Берта Китинска

Денешните протести на ВМРО-ДПМНЕ не се протести за ниту за правда, ниту за правичност.Тоа се протести на кои Мицковски и неговите следбеници повторно ќе ги бранат осудените насилници, и ќе бараат нивна амнестија, вели Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ

-Луѓето кои на 27 април насилно упаднаа во Собранието, луѓето кои се обидоа да убијат, да одземат човечки животи и да го загрозат уставниот поредок, ВМРО-ДПМНЕ денеска ги брани нарекувајќи ги уставобранители.Луѓе кои бараат крв, посакуваат и планираат нечија смрт, посегнуваат по нечиј живот никогаш нема да бидат уставобранители. Тоа се насилници што е потврдено и со правосилни судски пресуди.

Колку ли се големи хипотеките на Мицкоски штом мора постојано да брани насилници и криминалци?Колкав е партиско-политичкиот долг на ВМРО-ДПМНЕ штом се во постојано заложнижтво на политиките на Мицковски?Но, едно треба да им биде јасно дека нема да успеат да го одбранат криминалот и насилството, нема да успеат да ја спречи правдата.Денес за секој криминален и насилен чин следува одговорност, а одговорност ќе има и за организаторите на крвавиот четврток и тоа никој нема да го спречи, вели Петровска.

Слични содржини