Петровска доби поддршка од германските Зелени!

од Vladimir Zorba

Заедно со носителката на советничката листа на Зелен хуман град, Драгана Велковска, остваривме онлајн средба со градоначалникот на вториот дистрикт во градот Диселдорф, Патрик Шифер, советникот и почесен конзул на Македонија во Северна Рајна Вестфалија, Холгер Арнт и претседателот на Советот на емигрантски организации, Гоце Перовски, сите од германските Зелени, соопшти кандидатката за Градоначалник на Скопје, Ана Петровска.

„Разговарвме за заедничките заложби и зелени вредности кои ги негуваме и преку кои пробуваме да го подобриме живеењето на граѓаните во нашите градови.

Тие ни ги пренесоа своите искуства за зазеленување на Диселдорф, за напорите кои ги прават тој да има повеќе вело и пешачки патеки и за поголема вклученост на граѓаните во локалните политики, исто така како што и ние имаме намера да направиме во градот Скопје.

Имаме многу што да научиме од германските градови за водење успешни зелени политики.

Пријателските совети се секогаш добредојдени, им благодариме на големата поддршка.

Заедно преку успешни примери од европските метрополи ќе го направиме Скопје зелен и хуман град“, додават таа.

Слични содржини