Пировска за твитер хајката кон Милевска: Ваков вид на заплашување не смее да се толерира, ниту од јавноста, ниту од политичките партии

од Берта Китинска

На својот Фејсбук профил во врска со твитер хајка и навредите насочени кон новинарката Тања Милевска се огласи извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска.

„Поразителен е фактот што не е реткост новинарка да биде напаѓана и понижувана на социјалните медиуми, и тоа најчесто од лажни профили, па повторно посочуваме дека безбедноста и слободата на говор на новинарите и новинарките особено во време на предизборна кампања е од исклучителна важност. Ваков вид на заплашување не смее да се толерира, ниту од јавноста, ниту од политичките партии, а најмалку од институциите кои имаат обврска да стават крај на климата на неказнивост на родово-базираниот говор на омраза кон новинарките. Стоиме солидарно со Тања Милевска и сите новинарки кои се мета на говор на омраза овој период. Гласот на новинарките е клучен за сите нас“, пишува Пировска .

Повторно сме сведоци на твитер хајка во форма на брутални закани, навреди и родово-базиран говор на омраза, овојпат…

Публикувахте от Uranija Pirovska в Понеделник, 13 юли 2020 г.

Слични содржини