Пленковиќ: Путин би бил уапсен доколку дојде во Хрватска

од Vladimir Zorba

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Брисел изјави дека рускиот претседател Владимир Путин, по кого Меѓународниот кривичен суд распиша потерница, ќе биде уапсен доколку дојде во Хрватска врз основа на процедурата предвидена со законот.

Пленковиќ потсети дека Хрватска пристапила кон статутот на Меѓународниот кривичен суд, како и дека е донесен закон за соработка со тој суд.

„Тој закон ги предвидува сите процедури во случај да има налог за апсење на лице и, колку што знам, имунитетот не важи“, рече Пленковиќ одговарајќи на новинарско прашање како Загреб би постапил доколку Путин би дошол во Хрватска.

Слични содржини