Пленковиќ: Хрватска би можела да се приклучи на Шенген во 2022 година

од Берта Китинска

Хрватска е на добар пат да стане членка на Шенген зоната во 2022 година, а после тоа ќе влезе во еврозоната, рече хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Брисел во вторникот.

– Би било одлично да влеземе во Шенген во 2022 година, а ако биде порано ќе бидеме уште позадоволни. А што се однесува до еврозоната, ќе сториме се тоа да се случи што е можно поскоро, рече Пленковиќ по вонредниот самит на ЕУ во Брисел.

Тој истакна дека за време на дводневниот самит ја искористи можноста за низа билатерални разговори за двете хрватски стратешки цели.

„Се обидов да ги сензибилизирам моите соговорници за фактот дека добивме зелено светло од Комисијата и потврда дека техничките критериуми за Шенген се целосно исполнети. Сега полека ја подготвуваме оваа тема за да го достигнеме политичкото ниво на донесување одлуки и по вчерашниот разговор со комесарот за внатрешни работи Јлва Јохансон мислам дека сме на вистинскиот пат. Слично е и со еврозонат“, рече Пленковиќ.

Слични содржини