Пленковиќ: Македонија заслужи да ги почне пристапните преговори со ЕУ

од Nikola Popovski

ХРВАТСКА е еден од заговорниците за проширување на ЕУ и тоа е „единствениот вистински пат“ за земјите од Западен Балкан, рече премиерот Андреј Пленковиќ, кој учествува на самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан во Словенија.

-Лидерите на земјите-членки на ЕУ се собраа на Брдо кај Крањ во Словенија за да испратат порака за „посветеност на процесот на проширување, рече Пленковиќ.

Албанија, Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора сакаат да се приклучат на блокот, но не уживаат еднаква поддршка меѓу членките на ЕУ, ниту пак имаат временска рамка за приближување кон членството во ЕУ.

Пленковиќ повикал на што поскоро отворање на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија „затоа што тоа го заслужија“ и нагласил дека Босна и Херцеговина, во која Хрватите се еден од трите конститутивни народи, е „особено важна“ за Хрватска.

-Денес ќе се залагаме за нивна еднаквост и почитување и на буквата и на духот на Дејтонскиот-париски договор. Ова значи дека очекуваме политичките партии во институциите на БиХ и БиХ да го изменат изборното законодавство на соодветен начин пред следните избори во октомври 2022 година, изјавил хрватскиот премиер.

Слични содржини