По 1.000 денари за пензионерите во следните три месеци

од Берта Китинска

Започнува етапната исплатата на мартовските пензии за околу 330.000 пензионери.Секој пензионер дополнително ќе добие и 1.000 денари помош во справувањето со последиците од кризата, кои можат да се искористат за купување основни намирници или плаќање сметки, а оваа финанскаска помош ќе трае во следните три месеци, велат од СДСМ.

Оттаму посочуваат дека во последните четири и пол години со СДСМ пензиите се зголемени за над 2.000 денари, а веќе од септември следува ново историско највисоко покачување на пензиите, благодарение на новата методологија.

-Продолжуваме со вистинска грижа и заштита на стандардот на граѓаните. Повеќе пари во семејните буџети и поддршка на домашната економија се приоритетите од кои се води СДСМ, велат од владејачката партија.

Слични содржини