По 3 коловозни ленти во двете насоки: Привршуваат градежните работи на булеварот АСНОМ (фото)

од Берта Китинска

Градежните работи за проширување на булеварот АСНОМ во општина Аеродром се во завршна фаза.

Екипите на Град Скопје деновиве вршат финално асфалтирање на проширениот булевар на потегот од крстосницата со булевар Србија до крстосницата со улицата Васко Карангелевски.

Новиот булевар добива по 3 коловозни ленти во двете насоки, средишно зеленило, пешачки и велосипедски патеки.

Слични содржини