По Брегзитот: Оскаровката побегна од Британија и си го оствари сонот

Актерката Ема Томпсон и нејзиниот сопруг Грег Вајз станаа граѓани на Венеција, пренесува Sun.

Парот пред повеќе години купил куќа во тој град со намера повремено да наминат и таму да го поминат годишниот одмор, но сега Венеција за нив стана постојана адреса.

Ема, пред италијанските медиуми потпиша документација со која таа и нејзиниот сопруг станаа почесни граѓани на Венеција.

„Ова е остварување на сонот кој со години го имав“, рекла Ема на течен италијански јазик.

Парот формално ги задржа британските пасоши, но статусот жители на Венеција им дава можаност да го остварат правото на здравствена заштита, вработување.

Томпсон, која има добиено орден од кралицата Елизабета пред две години, беше меѓу истакнатите противници на Брегзитот.

Актерката е добитничка на Оскар за најдобра актерка во филмот „Хаурдов крај“ и адаптирано сценарио на филмот „Разум и чувства“.

Слични содржини