По девет месеци преговори: Дембеле и Барселона се договорија

од Vladimir Zorba

По околу девет месеци преговори со раководството на Барселона, 25-годишниот Французин Успан Дембеле ја прифатил понудата за нов договор, пишува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“.

Договорот што се подготвува е за уште две сезони и Дембеле ќе прифати намалување на платата за 40 проценти во однос на минатата година.

Францускиот фудбалер беше донесен во Барселона од Борусија Дортмунд во 2017 година, но неговата кариера беше проследена со бројни повреди. Во последните 6 месеци, сепак, Усман Дембеле покажа добри перформанси и беше на врвот на листата за најмногу асистенции во Ла Лига.

И покрај долготрајните преговори, тој има намера да продолжи да игра за каталонскиот гигант, додека раководството на Барселона треба да даде „зелено светло“ на договорот.

Слични содржини