По двата земјотреса во Србија, експертите сугерираат дека ќе следи уште посилен удар

од Stefanija Kuzmanovska

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала го погоди Петровац на Млава во Србија утрово во 4 часот и 45 минути, а потресот се почувствувал дури до Белград. Експертите сугерираат дека веројатно ќе следи уште посилен удар.

Раседот кој се протега од Велико Градиште до Свилајнец има капацитет да генерира земјотреси со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала.

На овој потег немало земјотреси веќе 30 години, а со оглед на тоа што ова е седми по ред за краток временски период, за очекување е допрва да следи главниот удар.

Два земјотреса, од кои едниот со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала, рано утрово го погодија Петровац на Млава. Епицентарот повторно бил во Ќовдин, каде што бил и минатиот викенд.

Првиот земјотрес се случил во 4 часот и 45 минути, со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала и на длабочина од седум километри. Вториот се случил во 5 часот и 3 минути. Бил на длабочина од седум километри и со магнитуда од 2,4 степени.

Земјотресот бил почувствуван од Ќовдин, низ околните села, па се до Белград, каде ги разбудил граѓаните од сон.

Слични содржини