Смртта под засега неразјаснети околности на воениот разузнавач Горан Софески, повторно на површина ја извади опасноста на оваа професија. Откако вчеравечер бил пријавен за исчезнат, поранешниот воен разузнавач утринава е пронајден мртов во шумскиот појас во близина на селото Раштани, пет километри од Кичево.

2320538_ece0dee196_z

Во историјата на Македонија, пак, под неразјаснати околности загинаа повеќе разузнавачи. Истрагата за нив не довела до никаква трага или разоткривање на вистинските убијци или мотиви за наводните самоубиства.

СВР Охрид: Нема знаци на насилство врз Софески, ОЈО одлучило да не бара обдукција

 

Еве ја листа на загинати разузнавачи и на луѓе блиски до функционери што загинале под неразјаснати околноси од осамостојувањето на Македонија досега:

Драган Гаврилов, инспектор во МВР, телохранител на Киро Глигоров

Утрото на 5 август 1997 година, тој бил сомнително прегазен од патничкиот воз што сообраќал на линијата Кичево – Скопје, на мостот на реката Лепенец во населбата Ѓорче Петров. Како што тогаш изјавија од семејството Гаврилови, две лица дошле во домот на Драган вечерта на 3 август и го одвеле. За време на атентатот, Гаврилов бил во автомобил „бе-ем-ве“, кој се движел зад „мерцедесот“ на Глигоров. Веднаш по одекнувањето на експлозијата, Гаврилов го извадил тешко ранетиот претседател и во чаршаф го ставил во возилото и го одвезол во Градската болница.

Милорад Михајловски, инспектор во Управата за државна безбедност и контраразузнавање во полициската станица Бит-пазар

Откако дал изјава во својство на сведок во врска со атентатот врз претседателот Киро Глигоров, тој загинал под неразјаснети околности. На 28 октомври 2006 година, околу 19 часот, неговата сопруга Надица го нашла починат во нивниот стан. Смртта кај Михајловски е чудна бидејќи тој претходно немал никакви срцеви тегоби, ниту проблеми со здравјето. Откако се случил атентатот врз Глигоров, тој под чудни околности заминал од МВР. Кратко време потоа поднел тужба против Министерството за внатрешни работи.

Татјана Павловска, стенограф во Управата за оперативна техника и прислушување во Петта управа, МВР

На 20 февруари 1998 година, на падините на Водно, во близина на кругот на МВР, беше најдена мртва Тања Павловска. Павловска имала една огнострелна рана во челото, според официјалната верзија, а дури три според лица што биле присутни на увидот. Официјално било заведено дека станува збор за самоубиство.

Мирко Ангелевски, цариник, поранешен разузнавач и началник на УБК во Битола

Мирко Ангелевски на 2 април 2008 година пронајден е мртов на бирото на своето работно место на граничниот премин Стење на македонско-албанската граница. Застрелан е со пиштол во главата. Според полицијата, се работи за самоубиство. Според исказите на неговите колеги, никој не го слушнал истрелот што бил фатален за цариникот. Првично, за мотив се претпоставуваше дека би можела да биде неговата разочараност од промената на работното место.

Гидеон Сандел, израелски разузнавач

Гидеон Сандел на 25 август 2012 година рано наутро излегол од хотелот „Мрамор“, кадешто бил сместен, и заминал кон Матка. По дводневно пребарување, неговото тело било пронајдено во недела, на 27 август 2012 година, околу 16 часот, во бездна длабока 60 метри во близина на Шишевскиот манастир. Сандел бил познат на македонската јавност по своите бизниси во Македонија. Тој одлежуваше и затворска казна во затворот во Идризово за измама со кредитни картички. Во мај 2010 година, Европскиот суд за човекови права во Стразбур му досуди отштета од 1.600 евра.

Гидеон Сандел служел во израелската војска во специјалната падобранска единица и има учествувано во три големи војни. Добил признание во 1973 година за посебни заслуги и за учество во војната во Суецкиот канал.

Јонче Груевски, вработен во Агенцијата за разузнавање

На 14 септември 2014 година, во 15 часот, тој добил огнострелна рана и починал веднаш. Загинатиот Јонче е пронајден мртов во неговата канцеларија во Агенцијата за разузнавање.

Сè уште не е познато дали се работи за убиство или самоубиство. Познато е дека разузнавачот починал од огнострелна рана во пределот на срцето, но како дошло до настанот, не се открива. Груевски, два месеци пред да почине, станал дел од разузнавачите. Тој уште од почетокот на својот работен век бил припадник на МВР. Како дел од специјалната единица „Тигри“, учествувал во конфликтот во 2001 година, а бил припадник и на одделението за недозволена трговија со дрога и со оружје. Груевски бил поранешен припадник и на мобилната единица на полицијата „Алфа“ и работел како раководител.

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА

Наќе Чулев, директор на Агенцијата за разузнавање

Чулев на 16 мај 2014 година преживеа тешка сообраќајна незгода, во која, за среќа, поминал со полесни повреди на градниот кош. Непознато е кој ја предизвикал и како настанала сообраќајката.

 

ЛОВЏИСКИ НЕСРЕЌИ 

Васко Карангелески, генерал во ЈНА

Врз генералот на тогашната АРМ, Васко Карангелевски, до 1977 година имало три обиди за атентат. Тој во 1978 година требало да стане началник на генерал-штабот на тогашната ЈНА. За тоа имало големо спротиставување од тогашните генерали на ЈНА,од српско-хрватското лоби. Во јануари 1976 година тој е пронајден мртов при лов во атарот на Македонски Брод.

META

Слични содржини