По вчерашниот голем пад, цените на нафтата во пораст

од desk2

На главните пазари за суиова нафта денеска цените на нафтата повторно се во пораст, откако вчера го доживеаја најголемиот пад во последните две години.

Брент сшровата нафта вчера доживеа пад на цената од 6,9 отсто, што е најголемиот пад во последните две години и достигна до цена од 73,4 долари за барел. Американската сирова нафта поевтини за пет отсто, и по овој најголем пад на цената во последната година, се нудеше за цена од 70,38 долари за барел.

Аналитичарите тоа го припишаа на соопштението од Националната нафтна компанија на Либија дека повторно ќе отвори четири терминали за извоз што беа затворени кон крајот на минатиот месец и дека ќе го зголеми производството. Поевтинувањето не беше спречено ниту од соопштението од американската влада дека резервите на американска сирова нафта се намалиле за 12 милиони барели во минатата седмица.

Сепак, денеска на светските берзи, сировата нафта повторно поскапе, па американската нафта на њујоршката берза се нуди за 70,88 долари, што е половина долар повеќе од вчера.

Брент сировата нафта на лондонската берза денеска поскапе за 1,38 долари, на 74,76 долари за барел.

Слични содржини